Ламја ја јаде македонската економија!

Bez autora
Oct 19 2010

Македонската економија 20 години се соочува со подеми и падови во растот на бруто-домашниот производ (БДП), производството, извозот, конкурентноста, следено со висока стапка на невработеност. Ова беше генералниот заклучок на експертите и Стопанската комора на Македонија на вчерашната јавна расправа на тема "Време е за промена на досегашниот модел на економски развој", организирана од Капитал Медиа Груп и СКМ. Според Бранко Азески, претседател на СКМ, неопходно е заокружување на темелните принципи на пазарната економија преку загарантираната приватна сопственост, соодветен однос меѓу капиталот и трудот, како и ефикасна законска регулатива, судство и заштита на сопственост и договорите.

Ламја ја јаде македонската економија!Македонската економија 20 години се соочува со подеми и падови во растот на бруто-домашниот производ (БДП), производството, извозот, конкурентноста, следено со висока стапка на невработеност.

Ова беше генералниот заклучок на експертите и Стопанската комора на Македонија на вчерашната јавна расправа на тема "Време е за промена на досегашниот модел на економски развој", организирана од Капитал Медиа Груп и СКМ. Според Бранко Азески, претседател на СКМ, неопходно е заокружување на темелните принципи на пазарната економија преку загарантираната приватна сопственост, соодветен однос меѓу капиталот и трудот, како и ефикасна законска регулатива, судство и заштита на сопственост и договорите.

- Македонија помина низ многу тежок период како што се ембарга, воени конфликти, светска криза. Затоа треба да се оддаде признание што успеавме да ја задржиме економијата на вакво ниво - вели Азески во името на 10.000 компании кои се дел од СКМ, а кои остваруваат 80 проценти од додадената вредност на БДП и ангажираат 70 проценти од вкупните вработени. Азески вели дека приватниот сектор треба да стане главен стожер на економскиот раст на македонската економија и апсорбирање на невработеноста.

Според него, домашните и странските инвестиции треба да бидат двигатели на растот на економијата, а истовремено да се зголеми извозот на конкурентните производи.

- Земјата треба да се интегрира кон ЕУ, да го зголеми животниот стандард, да се модернизира инфраструктурата, како и да се намали енергетската зависност - укажува Азески.

За пратеникот Борис Стојменов, овие 20 години ламја го јаде македонското стопанство, оти економската политика постојано се базира на ММФ и Светската банка. За него, странските инвестиции се столб на македонската економија, но треба генерално да се промени моделот по кој се движи економијата.

- Ако економијата е пациент, дијагнозата е утврдена, но и терапијата, а болниот не се опоравува. Значи под итно треба да се смени лекот - укажува Стојменов. Според него, не се потребни шок-терапии, туку треба да се постигне консензус меѓу науката, експертите и политичарите.

Љупчо Зиков од Капитал Медие Груп вели дека економијата 20 години стагнира, а доказ за тоа е што престана да се генерираат нови компании, односно нема инвестиции од страна на големите компании. За него, светската економска криза е само дел од параметрите кои влијаеле на стагнацијата на македонската економија.

Ексгувернерот, Љубе Трпевски и предложи на Владата да се откаже годинава и идната 2011-година од дивидендата на Телекомот и овие средства да ги пренесе во докапитализација на Македонската банка за обнова и развој бидејќи смета дека на овој начин банката ќе се зајакне и со тоа ќе стане моќна и ќе го одржува македонското стопанство.

Стојмирка Тасевска од СКМ даде пример како можат да се поттикнат странски инвестиции во земјава. Според неа, неопходно е отворање на трговски центри во соседните земји во кои ќе се продаваат македонски производи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik